





Скопски
Самит
февруари 22-23, 2001
Скопски
Самит
октомври 25, 2000
Собрание
на
Република Македонија
Македонска
Информативна Агенција
|
ОБРАЌАЊЕ
на Претседателот на Владата на Република Македонија, Љубчо Георгиевски
Екселенции,Дами и Господа,Почитувани гости,
Дозволете најнапред да упатам поздрав до сите учесници наоваа значајна
средба и воедно да Ви посакам успешна и плодна работа.
Во последните неколку седмици, Република Македонија за жал ,е соочена
со агресија на албански терористички групи, кои сериозно гозагрозуваат
нејзиниот суверенитет и територијален интегритет но,исто така, и мирот,
стабилноста и безбедноста на Балканот и Европа.
Во ова критично време, кога регионот на Југоисточна Европа еповторно
соочен со насилство, тероризам, екстремизам и етничканетрпеливост, значењето
на регионалните иницијативи и, во тиерамки, значењето на Процесот за
соработка во Југоисточна Европа есе понагласемо. Денешната средба несомнено
ја реафирмира улогатана зајакнатиот дијалог меѓу избраните претставници
на нашите народии претстаоува уште една потврда за нашата цврста определба
запромовирање на мирот и стабилноста во овој нестабилем регион.
Република Македонија придава особено значење на развојот,како на билатералната,
така и на регионалната соработка и активносе залага за нејзино натамошно
унапредување. Поаѓајќи од желбатада биде промотор на стабилноста, безбедноста
и соработката воЈугоисточна Европа, Република Македонија особено значење
мупридава на Процесот, КОЈ што прераснува во водечка .иницијатива зарегионална
соработка. Процесот за соработка во Југоисточна Европаби требало да
даде силен политички потстрек на државите од нашиотрегион за јакнење
на соработката не само меѓу владите, туку и меѓусите останати сектори
на општеството, како битна претпоставка за развој на добрососедските
односи и јакнење на мирот, безбедноста истабилноста во Регионот, Процесот
]а докажа способноста на нашитеземји да разменуваат мислења, да водат
отворен дијалог за прашањашто се од значење за целиот регион и да се
справуваат со проблемитешто настануваат. Резултатите што се постигнати
во изминатиотпериод даваат основа за голем оптимизам дека Процесот и
вонаредниот период ќе Ја потврди својата улога како фактор зазајакнување
на доброседските односи и соработката во ЈугоисточнаЕвропа.
Дозволете ми во оваа прилика, да го изразам задоѕолството одактивностите
што беа преземени, во рамките на оваа имицијатива, завреме на претседавањето
на Република Македонија со Процесот. ВоРепублика Македонија беа одржани
повеќе средби во рамките наПроцесот. како што се: средбата на министрите
за надворешни работина Процесот во Охрид, двата Самита на шефовите на
држави и навлади на земјите членки на Процесот во Скопје, како и Средбата
наминистрите надлеж.ни за млади на земјите од Југоисточна Европа воСкопје.
На овие средби, беше реафирмирана определбата на земјитеод Југоисточна
Европа за зајакнување на добрососедските односи,стабилноста, безбедноста
и соработката во регионот. Овие нашизаедничкиопределби беа потврдени
и на неодамнешниот Самит наПроцесот, којшто се одржа минатиот месец
во Скопје, кога бешедадена целосна поддршка на соработката во рамките
наИницијативата. Процесот за соработка во Југоисточна Европа, безсомнение,
придонесува за зајакнување на кохезијата, безбедноста истабилноста во
Регионот и во Европа, како и за зајакнување наЕвропските интегративни
процеси. Со усвојувањето на Планот заакција за регионална економска
соработка на Самитот во Скопје,земјите од Југоисточна Европа ја потврдија
својата заложба замеѓусебно функционално поврзување, што ќе придонесе
заунапредување на економската соработка во Југоисточна Европа и ќедаде
можност за натамошен економски развој, како битен предусловза успешно
и брзо интегрирање во Европските и Евро-атлантскитеструктури.
Дами и Господа,
Во актуелниот момент, кога Југоисточна Европа повторно сесоочува со
уште една криза, која е последица на најновите дејствијана албанските
екстремни терористички групи, кои ги актуелизираатголемо-државните проекти
на Балканот, значењето на сите форми нарегионалното поврзување и соработка
е уште понагласено,
Би сакал да нагласам дека Република Македонија решително ќесе справи
со сите форми на тероризам, насилство и екстремизам инема да дозволи
да бидат загрозени основните вредности и принципина кои почива нашата
држава. Ве уверувам дека со сите сили ќе себориме да ги зачуваме демократијата,
економскиот просперитет,развојот на граѓанското општество, владеењето
на правото,почитувањето на човековите права и правата на националнитемалцинства
и нема да дозволиме овие цивилизациски придобивки дабидат загрозени.
Одржувањето на мирот и стабилноста денес, повеќе од билокога, ја нагласува
потребата од изнаоѓање на нови пристапи засоздавање на цврсти демократски
структури како основа засоработка и конструктивна политика, но и за
дијалог меѓу државитево регионот. Интегративните процеси во Европа наметнуваат
потребанашите држави да се определат за политика, која ќе биде насоченакон
напуштање на наследените стереотипи и ослободување однегативмото наследство
и религиозните и етничките предрасуди.Европските аспирации на нашите
држави може да се реализират самодоколку се определат за политика која
ќе биде насочена конкултивирање на една нова граѓанска, демократска
средина во која ќезајакнуваат врските и соработката, како меѓу државите
така и меѓуопштествата, различните групи и мародите на Југоисточна Европа.
Екселенции, Дами и Господа
Би сакал да нагласам дека нашите парламенти имаат посебноважна улога
и место во реализацијата на Процесот за соработка воЈугоисточна Европа.
Впрочем, тие ги донесуваат законите заполитички и економски реформи,
за слободите и правата на човекот,за меѓународна соработка и слично.
Треба да се има во предвид декапред парламентите на претежен број земји
од регионот претстои огромна задача за хармонизација на националните
закони соЕвропското законодавство, така што од нивната работа во големамерка
ќе зависи динамиката на приближувањето и зачленувањето наземјите од
нашиот регион во Европските и Трансатланскитеинтеграции- Сето тоа упатува
на заклучокот дека постои потреба занатамошно зајакнување на соработката
меѓу нашите парламенти.
Со задоволство би сакал да нагласам дека Процесот засоработка се повеќе
се афирмира како мошне успешна подлога за стабилизација и демократски
развој на регионот, но исто така, и занатамошен просперитет на нашите
земји и побогат живот на нашитеграѓани. Регионалната соработка има особено
значење зазајакнување на мирот, стабилноста, безбедноста и соработка
воРегионот, за почитување на правата на човекот и на националнитемалцинства,
за промовирање на граѓанското општество, зазајакнување на правната држава,
за ефектуирање на пазарнотостопанство, за елиминирање на организираниот
криминал, трговијатасо наркотици, жени и слично.
На крајот, дозволете ми уште еднаш да ви посакам плодна и успешна работа.
Верувам дека оваа средба ќе придонесе занатамошно зајакнување на соработката
во регионот на Југоисточна Европа, во интерес на нашите народи.
Благодарам за вниманието.
|
|