Oбраќање
на министерот за надворешни работи, д-р Срѓан Керим
Екселенции,
Дами и господа,
Дозволете ми да започнам
така што ќе ви пожелам топло добредојде на сите вам од името на Минстерството
за надворешни работи и на Владата на Република Македонија. Ви посакувам
пријатен престој во Република Македонија и многу успех во работата на
вашата Конференција.
Оваа Конференција на палраментите во Југоисточна Европа се одржува во
време кога мојата земја поминува низ многу тешки времиња. Суверенитетот,
територијалниот интегритет на Република Македонија и нејзиниот модел
на мултиетничко општество се нападнати од страна на вооружени групи
екстремисти кои посегнаа по насилство како начин да ги промовираат своите
цели. Нашите напори во справување со состојбата добија целосна поддршка
од целата меѓународна заедница, вклучувајќи ги ОН, ЕУ и НАТО и од сите
соседни земји. Оваа Конференција е само уште една потврда на поддршката
и таа се придружува на опередлбата на сите партии, застапени во македонскиот
Парламент за спротивставување на насилството како средство за постигнување
политички цели. Како претставници на народот и како спикери на вашите
соодветни парламенти, вие најдобро сфаќате колку е важно гласачката
кутија да превагне, а не силата на оружјето. Регионот доволно страдаше
од милитантните политики усмерени кон создавање "големонационални
држави" во Југоисточна Европа. Сега, кога Југоисточна Европа остварува
добар напредок кон европските интеграциони процеси, стабилноста и безбедноста
на Република Македонија и на целиот регион не може да бидат ставени
во прашање.
Дами и господа,
Како овогодишен претседавач
на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Република Македонија
активно придонесува кон промовирање на политиката на добрососедство,
безбедност, стабилност и соработка во Југоситочна Европа. Освен бројните
средби во различни области на интерес за развој на регионалната соработка,
ние исто така организиравме и една министерска средба и два самити на
шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка
во Југоисточна Европа. На овие средби, уште еднаш ја потврдивме определбата
на нашите земји и народи да станат дел од европското семејство по пат
на наше целосно интегрирање во европските и евро-атлантските процеси.
Ние сме свесни многу добро
дека соработката меѓу земјите од регионот може да помогне да ја реализираме
оперделбата за побрз развој и за побрза европска интеграција. За таа
цел, го усвоивме Акциониот план за регионална соработка во Југоисточна
Европа -- акционо усмерен документ кој опфаќа конкретни чекори што нашите
релевантни министерства ќе треба да ги преземат за да ја олеснат функционалната
интеграција во различни сфери на интерес, како енергетика, транспорт,
трговија, заштита на оклината.
Почитувани гости,
Длабоко сум уверен дека
една трајна определба за мир, демократија и развој не е можна без активно
учество на народните избраници од нашите земји. Регионалната парламентарна
соработка може да го негува меѓусебното разбирање, толеранција и добрососедски
односи помеѓу нашите земји. Исто така, парламентарната сорботка може
да придонесе во борбата против тероризмот, организираниот криминал и
илегалната емиграција, кои се главните пречки за меѓународната, регионалната
и пошироката безбедност и стабилнсот.
Поддршката од владите на земјите од регионот за унапредување на соработката
во рамките на Југоисточно-европскиот процес за соработка е исто така
многу значајна, како и нивните напори за поцврстото приближување кон
европските и евро-атлантските структури. Како дел од овој сеопфатен
напор -- финалните документи од министерскиот состанок и од самитот
на Процесот за соработка во Југоисточна Европа -- ја нагласивме важноста
од засилување на парламентарната димензија на Процесот и ги подвлековме
нашите очекувања од оваа средба. Уверен сум дека оваа Коференција ќе
ги исполни и ќе ги надмине овие очекувања.
На крај, дозволете ми да ви се заблагодарам за можноста да му се обратам
на овој почитуван собир и да ви пожелам успех во вашата работа.