Практични
информации и резервации
Место и дата на одржувањето
на Конференцијата
1. Втората Конференција
на претседателите на парламентите на Југоисточна Европа во рамките на
Процесот за соработка во Југоисточна Европа, ќе се одржи во Скопје,
во вторник на 20 и среда на 21 март 2001 година, во Хотелот Александар
Палас. Пристигнувањето на делегациите се очекува во понеделник на 19
март попладне, а заминувањето е предвидено за среда 21 март попладне.
Учество и големината на
делегациите
2. Поканите за учеството
се упатени до претседателите на парламентите на сите земји вклучени
во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и до претседателите
на парламентарните собранија и претставниците на меѓународни организации
и институции инволвирани во соработката со Југоисточна Европа.
Делегациите на еднодомните парламенти се очекува да имаат 3 члена, на
дводомните 5 члена, а меѓународните организации 2 члена.
Сесии и излагања
3. По отворањето на Конференцијата
и поздравните обраќања претпладне на 20 март, ќе следи дебата за "Парламентарниот
придонес на стабилноста, економскиот развој, демократијата и добрососедската
соработка во Југоисточна Европа". Редоследот на излагачи ќе биде
утврден согласно со практиката е во рамките на Процесот, по азбучен
редослед на презимиња и имиња на шефовите на делегациите (ориентационата
должина на излагањата во траење од 10 минути). Во случај на присуство
претседателите на двата дома, во дводомните парламенти, двајцата ќе
можат да зборуваат. На 21 март по завршувањето на дебатата ќе биде усвоен
Финалниот документ со акламација. Предлогот на финалниот документ ќе
биде утврден на средбата на ад-хок експертска работна група за негова
изработка на која се очекува да се вклучат претставници на сите делегации.
Состанокот на Работната група е предвиден да започне попладне на 19
март 2001 година.
Преведување
4. Симултан превод ќе
биде обезбеден на англиски и француски јазик. Делегациите кои сакаат
да зборуваат на свој јазик, треба да обезбедат сопствени преведувачи,
што претходно треба да биде најавено.
Официјални документи
5. Документи на Конференцијата
ке бидат: Предлогот на програмата, Нацртот на декларацијата и привремениот
список на учесници. Излагањето на уцесниците, доколку бидат доставени
во писмена форма ќе бидат измножени и дистрибуирани од организаторот.
Приеми
6. На 19 март во 20,00
часот претседателот на Собранието, господинот Стојан Андов ќе приреди
прием за добредојде. На 20 март во 20,00 часот претседателот на Републиката,
господинот Борис Трајковски ќе приреди прием за учесниците на Конференцијата.
Од страна на Собранието ќе биде приреден ручек на 20 март, како и на
21 март 2001 година.
Сместување
7. Делегациите ќе бидат
сместени во Хотелот "Александар Палас", како гости на Собранието
и тоа во следниов состав: делегации на еднодомните парламенти 3 члена,
дводомните парламенти 5 члена и парламентарните собранија на меѓународни
организации 2 члена.
Трошоците на другите членови на официјалните делегации што го надминуваат
бројот назначен од организаторот, ќе бидат покриени од секоја делегација
посебно.
Резервациите треба да се прават преку Протоколарната служба на Собранието
на Република Македонија (телефакс / телефон + 389 91 113-683), најдоцна
до 9 март 2001 година.
Регистрација и беџови
за акредитација
8. Беџовите за акредитациајта
ќе бидат обезбедени за учесниците на Конференцијата (претседателите,
делегатите и придружниот персонал). Од сите учесници ќе биде побарано
да ги носат беџовите за време на сесиите и сите активности предвидени
со Програмата на Конференцијата.
Пристигнување, заминување
и локален транспорт
9. Делегациите ќе бидат
пречекани на скопскиот аеродром од страна на Протоколот на Собранието,
а за оние кои ќе пристигнат со возила ќе биде обезбедена придружба од
границата. Точните термини за пристигнување треба да бидат соопштени
што побрзо, а најдоцна до 9 март 2001 година.
10. Собранието ќе обезбеди
локален транспорт за делегациите за време на одржувањето на Конференцијата.
За секој шеф на делегацијата ќе биде обезбедено официјално возило, а
другите учесници ќе бидат транспортирани со автобуси, минибуси и коли,
по потреба.
Странски дипломатски претставници
11. Шефовите на делегациите
во Конференцијската сала можат да бидат придружувани од нивниот амбасадор
или друг дипломатски претставник што претходно треба да биде соопштено
на организаторот.
12. За заинтересираните
дипломатски претставници на 12 март 2001 година, ќе биде организиран
брифинг за предвидените активности и аранжмани сврзани со Конференцијата.
Прес
13. За време на Конференцијата
ќе биде организиран Прес-центар во хотелот "Александар Палас".
Акредитациите на новинарите треба да бидат адресирани до Секторот за
информирање на Собранието (телефакс + 389 2 121-138, телефон + 389 212-801,
E-mail:s.goran@assembly.gov.mk)
Прес-центарот ќе има на
располагање компјутери, телефони и телефакс машини. Трошоците за телефонски
и телефакс врските ќе ги сносат корисниците.
Претставниците на средствата
за јавно информирање ќе можат да бидат присутни на отворањето и затворањето
на Конференцијата, а ќе учествуваат и на Прес-Конференцијата.
Секретаријат и техничка служба
14. За време на Конференцијата
во хотелот "Александар Палас" ќе биде организирана техничка
служба опремен со компјутери и фотокопири. Во Собрането ќе биде организиран
Организационен секретаријат воден од републичкиот советник Никола Тодоровски.
Сите дополнителни објаснувања можат да се добијат од Организационииот
секретаријат (телефон 113-408 и телефакс 112-271 и 113-643.